Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка во просториите на кино салата на Центарот за култура Крива одржа конференција за избор на делегати за Конгрес за мандатен период 2020-2024 година.

– Конференцијата беше организирана согласно сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19. Претседателот на општинската организација на СДСМ, Михаил Дејановски, даде извештај од парламентарните избори. Гости на конференцијата беа Венко Филипче од комисијата за здравство на СДСМ и Борис Тунџев од комисијата за транспорт и врски на СДСМ. Филипче и Тунџев говореа за идните планови и активности на СДСМ во претстојниот период, информираат од ОО СДСМ, Крива Паланка.

На конференцијата едногласно беа избрани осумте делегати, претставници во конгресот на СДСМ за мандатен период септември 2020-септември 2024.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2020 16:03