Здравствениот систем во Македонија е во колапс уште пред да почне вториот бран од пандемијата со корона вирусот. Тоа е резултат на неспособноста и неодговорноста на Зоран Заев и Венко Филипче. Македонија заклучно со последното деноноќие достигна 700 починати од корона вирус и 16.780 заразени. Овие бројки се погубни и се едни од највисоките во регионот и Европа ако се земе предвид бројот на жители.

Овие податоци се поразителни. Филипче прогнозираше осум пати помалку заразени и починати од корона кризата во првиот бран и заедно со Заев промовираа нова нормалност која придонесе епидемијата да излезе од контрола. Затоа вината е кај нив и она што може Филипче во најмала рака да направи е да си поднесе оставка како неговиот чешки колега.

Владата покажа дека ниту знае, ниту може да се справи со здравствената криза. Единствено ги интересираше да се доберат до власт без да направат конкретен план и стратегија, заштитни протоколи и мерки како да се заштити здравјето и сега во пресрет на вториот бран не знаат што треба да прават.

Заев и Филипче ги интересира само бизнисот на власта да врви, тие не се справуваат со проблемите, бидејќи самите се дел од проблемот

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 11:30