Жители на планинско село во централна Грција останаа неколку дена отцепени и заглавени, без вода и струја, по поплавите предизвикани од невремето „Ианос“, а рано утрово, со помош на два хеликоптери во акција на Секретаријатот за цивилна заштита беа спасени најмалку шест лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за село што се наоѓа во планински, непрооден дел, а дел од жителите и покрај катастрофите предизвикани во конкретниот регион, не сакаат да ги напуштат нивните домови.

За нив, еден од хеликоптерите на Секретатијатот пренесе храна и вода.

Освен шесттемина кои беа спасени утрово, меѓу кои и бремена жена со мало дете, според медиумите во Грција, од планинскиот дел, ќе бидат пренесени уште неколку лица, а н

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска е во посета на градот Кардица што беше зафатен од невремето во текот на викендот и беше предизвикана сериозна материјална штета, а загинаа три лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 13:20