Луѓето кои имале денга треска најверојатно развиле одреден имунитет на Ковид-19, наведува во проф. Мигел Николелис од Универзитетот „Дјук“ во САД.

Американскиот научник во своето истражување открил дека во регионите каде што во последните години е регистрирана голема појава на денга треска, ширењето на коронавирусот е побавно.

– Ова неверојатно откритие дава интересна можност за имунолошка вкрстена реакција помеѓу серотиповите на флеговирус на денга и САРС-КоВ-2, рече Николелис.

Според него, доколку се потврди оваа хипотеза, луѓето ќе можат да добијат одреден имунитет на Ковид-19 по вакцинацијата против денга.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 13:34