Претседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи најави нов протест на партијата, овој пат насочен против неправда, реваншизам и насилство на мафијата на Заев.

- Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта?

Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија?

-Кога Луј Витон судството носи "трас-трас" одлуки кои ги диктира Заев

-Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата

-Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види

-Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија

-Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат

-Кога судството го штити криминалот

-Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово -Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард

Одговорот на сето ова е протест. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во среда во 18 и 30 часот да протестираат против неправда, реваншизам и насилство на мафијата на Заев. повика Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 13:42