Зголемена облачност со изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи се очекуваат попладне во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени.

Синоптичарите и за утре и за во четврток најавуваат променливо облачно време со локален дожд и ретки грмежи.

Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок, а веќе за викендот, особено во сабота, под влијание на влажен бран, се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе биде поинтензивен во сабота.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 15:23