Извесен период граѓани во Тетово се соочуваат со неможноста да добијат нови сообраќајни дозволи за своите возила, откако се потрошиле сите такви книшки.

Возачите се соочиле со проблемот кога им се пополниле шестте предвидени места во книшките на кои Министерството за внатрешни работи (МВР) става печат и потпис за валидност по извршен технички преглед и осигурување. Ваков проблем имаат и оние кои купиле нови возила па сега не можат да добијат ниту сообраќајни дозвола, ниту регистерски таблици.

Исто така, нови сообраќајни дозволи нема ни за оние кои менуваат сопственоста на возило или место на живеење. Дел од граѓаните добиле објаснување дека се чека на нови сообраќајни дозволи на кои наместо Република Македонија, треба да стои Република Македонија.

Од МВР информираат дека во целата држава редовно се издаваат сообраќајните дозволи и оти во Тетово постои проблем од технички карактер.

-Станува збор за технички проблем што е надминат и во најскоро можно време треба да продолжи редовното издавање на сообраќајните дозволи на подрачјето на Тетово, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајните дозволи во МВР ги работи посебен оддел за управно-правни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 15:23