Црногорскиот премиер во заминување Душко Марковиќ тврди дека Здравко Кривокапиќ, кој се смета за нов премиер, нема визија да се соочи со предизвиците и на граѓаните веќе им навестува тешки времиња.

Кривокапиќ и претходно изјави дека „касата“ на буџетот е толку празна што се поставува прашањето дали ќе има плати и пензии во ноември.

– За време на кампањата, повторував дека платите, пензиите и социјалните надоместоци по изборите не само што редовно ќе се исплаќаат, туку нема да бидат ниту намалени. За жал мандатарот кој се најавува нема визија да се соочи со предизвиците и на граѓаните веќе им најавува тешки времиња, напиша Марковиќ на својот профил на Твитер.

Црногорската Влада на Твитер напиша дека и во тешка ситуација успеале да обезбедат плати, пензии …

– Многу земји се во неволја, како Влада мора да реагирате секој ден, соопшти црногорската Влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 15:37