Олимписките игри во Токио може да се одржат дури и ако во моментот нема вакцина против коронавирусот. Ова го изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах. Бах изјавата ја даде на видео конференција со организацискиот комитет на Игрите, јапонската влада, властите во Токио и Координативната комисија на МОК.

– Гледаме дека спортот полека, но сигурно се враќа. Голем број на натпревари во разни спортови веќе се успешно одржуваат, вклучувајќи мечеви и комплексни настани како Тур де Франс. Ова покажува дека натпреварите можат безбедно да се организираат без вакцина, додаде Бах.

Претседателот на МОК, исто така, истакна дека вакцината, одобрена од Светската здравствена организација (СЗО), може да се појави во првата половина на 2021 година.

– Имаме охрабрувачки вести за развој на вакцини. Сета оваа работа ќе продолжи до почетокот на Олимписките игри. Оваа криза ќе не присили да бидеме флексибилни и подготвени да се жртвуваме, заклучи тој.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат летото 2020 година, но поради пандемијата тие беа одложени од 23 јули за 8 август 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2020 16:17