Велика Британија, во координација со САД и Канада, подготвува санкции насочени кон одговорните за репресија на протестите за контроверзниот реизбор на белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Лондон сакаше да се приклучи кон санкциите на Европската унија, но тие беа блокирани затоа што не беа донесени едногласно.

Поради тоа доцнење, Раб побара од надлежните служби „да подготват санкции насочени кон одговорните за сериозни повреди на човековите права“.

– Ние се координираме со САД и Канада со цел итно да ги подготвиме соодветните списоци, рече британскиот министер во Парламентот и повтори дека Велика Британија „не признава наместени избори“ во Белорусија.

Лукашенко вчера положи заклетва за нов, шести претседателски мандат, и покрај протестите и барањата за оставка по 26 години владеење.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2020 16:52