Католичката црква во Германија воспостави нов систем за обештетување на жртвите од сексуално злоставување од страна на свештенството, со кој ќе обезбедат исплати до 50.000 евра.

Според претходниот систем, злоупотребуваните добиле по околу 5.000 евра за страдањата што ги претрпеле.

– Жртвите ќе можат да аплицираат за плаќање според новиот систем, почнувајќи од 1 јануари, изјави денеска шефот на Германската бискупска конференција, лимбуршкиот бискуп Герг Баецинг, откако членовите на конференцијата го потпишаа предлогот на редовниот состанок што се одржува двапати годишно.

Католичката црква во последниве години ја тресат скандали поврзани со сексуално злоставување и прикривање во неколку земји, вклучително и Германија.

Во извештајот од 2018 година, нарачан од црквата, се заклучува дека свештенството во Германија злоупотребило најмалку 3.677 лица помеѓу 1946 и 2014 година.

Повеќе од половина од жртвите имале 13 години или помлади кога биле злоставувани.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2020 21:55