Лидерот на републиканското мнозинството во Сенатот на САД, Мич Меконел вети мирен трансфер на власта по претседателските избори, откако претседателот Доналд Трамп одби да се посвети на тоа во случај демократот eо Бајден да го победи на 3 ноември.

Победникот на изборите на 3 ноември ќе биде инаугуриран 20 „Јануари“, како што беше предвидено, напиша Мич Меконел на Твитер.

„Ќе биде извршена мирна транзиција како што се случува на секои четири години од 1792 година“, напиша тој.

„Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“, рече претседателот Доналд Трамп на новинарско прашање: „Ако победите, загубите или се повлечете од изборите, дали денеска ќе се обврзете на мирен трансфер на власта по изборите?

Трамп потоа додаде дека „власта ќе продолжи“.

Тие нејасни изјави на Доналд Трамп беа дадени во тензична атмосфера само шест недели пред изборите.

Републиканецот Трамп заостанува во анкетите зад демократскиот кандидат Џо Бајден, кој веднаш реагираше на изјавата на Трамп, потсетувајќи дека сегашниот жител во Белата куќа упати слична закана пред изборите во 2016 година, на кои ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2020 22:03