Стапката на убиства во Мексико останува на историско високо ниво со 29 убиства на 100.000 жители, според тамошниот Национален институт за статистика.

За споредба, во САД во 2018 година, последната година за која се достапни податоци, имаше околу пет убиства на 100.000 луѓе.

Минатата година во Мексико имало 36.476 убиства.

Се проценува дека до крајот на оваа година, стапката на убиства ќе биде уште поголема, бидејќи во првите осум месеци од годинава, во Мексико имало 24.116 убиства, што е зголемување за околу 1,5 процент во споредба со истиот период минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2020 22:18