Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.515.427 лицe. Од нив починале 989.329 пациенти, а оздравеле 23.997.693 луѓе.

– Русија регистрира најголемо дневно зголемување на бројот на заразени од јули – 6.595. Повеќе од 1.000 луѓе се заразени во Москва денеска, за првпат од јуни. Од последниот извештај, уште 149 пациенти починале. Дневниот број на пациенти почна да расте на крајот на август во Русија, која е четврта земја во светот според бројот на заразени со Ковид-19. Вкупно се заразени 1,12 милиони луѓе и се потврдени скоро 20.000 смртни случаи.Русија е првата земја во светот што одобри вакцина против вирусот корона.

– Во последните 24 часа, во Италија беа регистрирани 1.768 заразени лица, а 23 пациенти починаа, објави Министерството за здравство. Во Италија досега има 304.323 инфицирани лица со вирусот, 221.762 се опоравиле и 35.781 починале. Поради зголемениот број на пациенти, носењето маски е воведено дури и во голем број градови, дури и на отворено.

– Бразил во последните 24 часа регистрира 32.817 заразени и 831 смртни случаи, објави Министерството за здравство. Според официјалните податоци, оваа најголема земја во Јужна Америка досега пријавила повеќе од 4,6 милиони заразени со вирусот од почетокот на епидемијата, што ја прави трета во светот, по САД и Индија. Речиси 140.000 луѓе починаа како резултат на инфекцијата со Ковид-19. Според бројот на починати, Бразил е на второто место во светот, веднаш по САД.

– 2.153 нови случаи на коронавирус се потврдени во Германија, соопшти денеска Институтот за инфективни болести Роберт Кох. Во последните 24 часа регистрирани се 15 смртни случаи поврзани со вирусот. Од почетокот на пандемијата во Германија, вкупно 280.223 лица се разболеле, а 9.443 лица починале од вирусот.

– Во последните 24 часа, во Кина се регистрирани осум нови случаи, а сите нови случаи се поврзани со патувања во странство, соопштија денеска здравствените власти на таа земја. Имало и 18 асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како официјална статистика. Од појавата на вирусот, во Кина се разболеле вкупно 85.322 лица, додека починале 4.634 лица.

– Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 223 новоинфицирани лица и пет смртни случаи, изјави денеска директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак. Новиот фокус е Домот за стари лица во Делнице, каде се заразени дури 59 лица. Пет лица од домот во моментов се хоспитализирани.

– Во последните 24 часа, во Австрија се регистрирани 684 нови случаи на инфекција со коронавирус. Најголем број новозаразени повторно има во Виена, каде се регистрирани 309, а по неа следи Долна Австрија со 136. Во исто време, починаа три лица, така што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 786.Во моментов во Австрија има 8.413 активни заразени, од кои 333 се хоспитализирани, а 78 се на интензивна нега. Од почетокот на епидемијата во Австрија на крајот на февруари, 41,680 лица биле тестирани позитивно.

– Во последните 24 часа, во Бугарија беа регистрирани 290 нови случаи на инфекција со коронавирус меѓу 4.859 извршени тестови, додека други шест пациенти починаа како резултат на болеста. Во истиот временски интервал се опоравиле уште 146 лица, што го зголеми вкупниот број на затворени случаи на 14.013. Во моментов има 4.775 активни случаи на инфекција, а на 744 пациенти им е потребен болнички третман, од кои 30 се во критична состојба. Во Бугарија, 19.573 лица се заразени со вирусот од почетокот на пандемијата, додека 785 пациенти починале.

– Во последните 24 часа во Словачка, бројот на заболени од коронавирус е зголемен за 419, што е најголем од почетокот на пандемијата во таа земја

– Вкупниот број на случаи на заразени во Индија достигна 5,82 милиони, откако во таа земја беа регистрирани 86.052 новоинфицирани лица во последните 24 часа, објави денеска индиското Министерство за здравство. Во истиот период, 1.141 лице починало од Ковид-19, со што вкупниот црн биланс на пандемијата во Индија достигна 92.290.

– Во Унгарија, вирусот е потврден кај 927 лица во последните 24 часа, а од почетокот на пандемијата во вкупно 22.127 случаи. Бројот на смртни случаи од последиците се зголеми за девет на 718. Досега 4.945 лица биле излекувани, додека во моментот има 16.464 активни случаи на инфекција.Во болниците има 577 пациент од кои 30 на респиратори.

– Според последните податоци, во Чешка се регистрирани уште 2.913 случаи и тоа е втор најголем дневен пораст на бројот на заразени досега во земјата. Како што објавија локалните здравствени власти, заклучно со вчерашниот ден, вкупниот број на случаи е 58.374.Чешка, која има 10,7 милиони жители, во последните неколку недели забележа значително зголемување на бројот на заразени лица, што дојде по ублажувањето на повеќето анти-епидемиски мерки воведени во текот на летото.

– Бројот на заболени од коронавирус за еден ден повторно достигна рекордно ниво во Словенија, каде беа потврдени 192 случаи во последните 24 часа, соопшти денеска словенечката влада. Така, вкупниот број на пациенти надмина 5.000 и сега е 5.008, а во истиот период не се евидентирани смртни случаи.Хоспитализирани се 60 пациенти, од кои 15 се на одделот за интензивна нега. Досега 145 лица починаа од вирусот.

– Рекордно дневно зголемување е забележано во Полска втор ден по ред, со најголем број заболени во централниот регион на земјата, соопшти денеска полското Министерство за здравство. Бројот на новоинфицирани лица се зголеми за 1.587, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата во март. Вкупно 84.396 лица се заразени со коронавирусот во Полска, додека истовремено се регистрирани 2.392 смртни случаи.Најголем број новозаразени има во централниот дел на Полска, каде се регистрирани 295 нови случаи.

-Министертвото за здравство и социјална заштита информираше дека во последното деноноќие во Албанија од направените 808 тестови Ковид-19 е потврден кај 124 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 13.045. Во исто време оздравеле 70 или вкупно 7.309 додека починале тројца пациенти или 373 до сега. Активни на болеста се 5.363, од нив 178 се хоспитализирани во двете ковид болници

–Едно лице заразено од новиот коронавирус почина минатото деноноќие во Косово, така што бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 сега изнесува 617. Во последните 24 часа се регистрирани 46 новозаразени, со што бројката на носители на вирусот достигна до 15.379 од вкупно 64.894 тестирани (664 во текот на вчерашниот ден). Вклучително вчерашните 101, излекувани од Ковид-19 досега резултирале 13.088 лица. Активни носители на вирусот во Косово, според официјалните статистики, се 1.674 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2020 00:46