Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер предупреди денеска, на прославата на 40-годишнината од терористичкиот напад на Октоберфест, за опасноста од екстремната десница во таа држава.

– Екстремно десничарските ставови со длабоко вкоренети во нашето општество, наведе Штајнмаер на комеморацијата на жртвите од терористичкиот напад на 26 септември 1980 година на фестивалот Октоберфест во Минхен, во кој загинаа 13, а беа повредени над 200 лица.

Германскиот претседател ги посочи и грешките што се повторуваат во истрагата на случаите со радикално десничарско позадина.

– Сознанието дека станува збор за атентатори со радикално десничарска позадина, честопати доаѓаше предоцна. И во некои случаи, можно е свесно да се потисне ова знаење, рече Штајнмаер.

Дури оваа година, државното Обвинителство недвосмислено го класифицираше терористичкиот напад на Октоберфест како напад со радикална десничарска позадина.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2020 22:39