Иран загуби приходи од 150 милијарди долари откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор во 2015 година и повторно воведе санкции за нашата економија, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

Мерките на САД исто така го попречуваат увозот на медицински материјали и храна, рече Рохани во изјава за државната телевизија.

Иранската економија тоне во последните две години, со забрзување на инфлацијата и раст на невработеноста.

Извозот на сурова нафта, од кој земјата е во голема мера зависна, е помал за 10 отсто од нивото пред САД да се повлечат од мултилатералниот договор во мај 2018 година.

Односите меѓу САД и Иран се во најлош период од исламската револуција во 1979 година, а последните две години беа одредени од безбедносната криза предизвикана од повлекувањето на Трамп од нуклеарниот договор, што кулминираше со атентатот врз генералот на Иран, Касем Сулејмани во јануари.

Во меѓувреме, американските власти објавија нови санкции против Иран оваа недела. Новите санкции против Иран се дел од недоразбирање меѓу Белата куќа и европските сојузници на САД во врска со нивните односи со Техеран, што ги зголемува шансите за предизвикување криза во Советот за безбедност на ОН.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2020 11:06