Лажните вести со кои се негира опасноста од коронавирусот, кои во Европа се шират претежно преку социјалните мрежи, а и во Словенија, за жал, и преку главните медиуми, ја принудуваат Европа и одделни земји да преземат поостри мерки отколку што е потребно, изјави денеска во Брисел словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Во пресрет на вториот ден од Самитот на ЕУ, Јанша рече дека лидерите на земјите-членки првиот ден многу разговарале за начините за борба против лажните вести во смисла на негирање на опасноста и негирање на самото постоење на вирусот, пренесува СТА.

– Ова предизвикува голема штета на нашата заедничка борба против ширењето на коронавирусот на европско и национално ниво и ги принудува Европа и одделните земји да преземат поостри мерки отколку од оние кои би биле доволни без лажни вести и масовно ширење на целосно ненаучни и нелогични негирања, истакна Јанша.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2020 14:27