Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска одговараше на новинарски прашања, ви ги пренесуваме сите прашања и одговори во целост.
Новинарско прашање: Во врска со Законот за здравствена заштита, во однос на мерките за КОВИД кризата, без вашите гласови тешко дека истите ќе се реализираат?
Одговор: Насилнички политика во Македонија не се води, пред да се донесат мерки, а за тоа да не се консултира опозицијата, рековме со 62 пратеника и оние лажливи изјави на Заев не може да функционира оваа влада и ова парламентарно мнозинство. Тука сме стоиме на располагање со сиот свој потенцијал, како политичка партија, како опозиција, да им помогнеме на граѓаните, па дури и да соработуваме со овие незнајковци од политичката Комисија за заразни болести на СДСМ и Зоран Заев. Не може да се носат мерки и потоа на маса да се истураат истите мерки, а потоа да се бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, кој од тие луѓе ќе се надмине себеси еднаш во овие четири години, еднаш нека се спуштат на земја, нека седнат да разговаат со граѓаните, да разговараат со опозицијата, не говорам само за ВМРО-ДПМНЕ, тука има и други опозициски партии, има и во албанскиот политички блок. Станува збор за здравјето на граѓаните, станува збор за здравјето на нацијата. Не може некој да се затвори во канцеларија и да носи политички мерки, а потоа да бара поддршка од опозицијата. И на крајот од денот кои се тие мерки, ние сеуште не сме ги виделе тие мерки, па за да можам јас да одговорам на вашите прашања. Нека ми каже некој кои се тие мерки, за каков закон станува збор, па ние еве носиме маска, тоа се мерки кои што веќе постојат, не треба сега ново гласање за тоа, ако треба ќе ги поддржиме ако е за носење на маска на отворено. Ама не е тоа суштината секојдневно броиме мртви луѓе, секојдневно имаме лимени ковчези, едно место помалку на трпезата во најмалку од едно до седум македонски семејства. За какви мерки зборуваме, за оние во Аватар? Ги молевме да го затворат Аватар со месеци. Зошто, затоа што биле блиски до семејството на власт, денеска Вухан ни е Струмица, па неговиот роден град е таков. За кои мерки зборуваме, за одговорност никому ништо, па згора на се се силат.
Новинарско прашање: Во врска со локалните избори кои треба да се одржат во Штип?
Одговор: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на фер и демократски изборен процес доколку, значи доколку процесот е фер и демократски, а доколку ми поставите прашање што подразбираме под фер и демократски изборен процес, се разбира да нема злоупотреба на пакети, да нема притисоци, да нема уцени и закани, кои што се својствени за оваа политичка мафија на власт.Тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува и ќе го депласира кандидатот на СДСМ кој и да биде во Штип, со својот кандидат. Но доколку почувствуваме дека процесот во милиметар нема да биде фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да легитимира уште еден таков процес. Доколку оваа политичка мафија мисли дека ќе спроведе процес каде што додека се проведуваат полициски часови и рестрикции, тие ќе одат од ќуќа на ќука со пакети и ќе поткупуваат гласови, ние таков процес нема да легитимираме овој пат, ниту пак во иднина ќе легитимираме. И ја повикувам да се вклучи директно уште сега во мониторингот на изборниот процес во Штип,уште од сега ја повикуваме меѓународнат заедница да се вклучи, затоа што нема оправдување во иднина за било какви недоследности како што се случуваа за време на парламентарните избори пред некој месец. Новинарско прашање: Ако не ги подржувате анти-КОВИД мерките дали очекувате Владата да побара нова вонредна состојба? Одговор: Кои анти-КОВИД мерки, ние не сме ги виделе кои се тие анти-КОВИД мерки, ние не ги знаеме кои се тие мерки. Прво да ги видиме, како така заклучувате дека не ги поддржуваме, кои се анти-КОВИД мерките кои што треба да ги подржиме, јас ги немам видено, не ги имам слушнато.
Новинарско прашање: Оние кои што се за влегување во домовите да не смее во секое време да има повеќе од четворица гости, дали би го поддржале тоа?
Одговор: Изјавата на министерот е следна – размислуваме, ќе ја следиме ситуацијата овој викенд, да бидам прецизен и од понеделник, вторник ќе излеземе со пакет мерки. Да ги видиме кои се тие, еве викендов можеа да го искористат да ме консултираат, што не не консултираа, сега само ние можем да погодуваме кој што мислев и како мислел.
Новинарско прашање: Вие кои мерки сметате дека треба да ги има?
Одговор: Да ги слушнеме на Владата мерките, па откако ќе ги слушнеме, ќе се произнесеме.
Новинарско прашање: Власта инсистира на онлајн гласање во Собранието, особено за оние пратеници кои се во изолација, дали останувате на истиот став?
Одговор: ВМРО-ДПМНЕ не ги менува ставовите во потребата на власта, туку ВМРО-ДПМНЕ работи за интересите на граѓаните, Уставот е јасен и дециден како треба да биде гласањето и одлучувањето во парламентот и тука нема поместување ни милиметар. Ако некој мисли дека со вакво владино мнозинство какво што го имаат сега ќе врши терор врз граѓаните и ќе се изживува, пљачка и буквално ја руинира Македонија тогаш тоа ние нема да му го дозволиме, на начин на кој што тие планираат преку електронски сесии. Второ тоа не е човечки, не е хумано луѓето од постела да ги терате да туркаат ваша политичка агенда за закони за марихуана, затоа што вашиот бизнис и интереси ги темелите на тоа. Тој што тоа го турка не е човечки.
Новинарско прашање: По вашиот настап на телевизиско интервју, дали имавте комуникација со г-динот Османи поврзано со преговорите со источниот сосед?
Одговор: Видете, како политичка партија прво имавме став по таа би рекол помалку несмасна и несреќна изјава на господинот Османи. Со жалење, морам да кажам дека е таква изјавата. Навистина очекувам малку повеќе политичка култура од него. Ставот беше следен, а тоа е дека вака сериозни прашања не се решаваат по телефон. Вака сериозни прашања се решаваат на лидерска средба на маса. Еве, ја користам оваа прилика да ги повикам лидерите на релевантните политички партии, не зборам за оној кој што ги организираше претходните лидерски средби кои што завршуваа со фијаско, туку релевантните политички партии, да седнеме и да разговараме отворено за прашањето кое што денеска е актуелно, а тоа се преговорите со нашиот источен сосед. Тоа е многу важно. Второ, искрен да бидам, како политичар не верувам дека нашиот источен сосед ќе ја блокира Македонија во евроинтеграциите за тоа што ако се суштински, не само декларативни изјавите на политичарите од кај нашиот источен сосед тоа нема да се случи, и покрај сите авантури кои што ги направи Зоран Заев изминативе години. Така што како втор заклучок на вашето прашање не верувам дека тоа ќе се случи и ги охрабрувам тоа да не го направат. Затоа што така не ја загрозуваат само иднината на македонските граѓани, ја загрозуваат и сопствената иднина како граѓани на ЕУ. Понатаму, трето често пати во минатото сум имал телефонска комуникација со господинот Османи, за жал навикнат сум на невистинити работи да слушам од другата страна на слушалката. И се сомневам дека на уште една таква комуникација дека би слушнал некоја работа поинаква од невистината која што сум ја слушал во минатото. За жал кај нас многу политичари, многу политичари заборавија што значи зборот чест, честитост и зборот збор. И се надевам дека времето кое што е пред нас ќе ги промени овие политичари да се вратат на зборовите чест, честитост и збор во вистинска смисла на зборовите. И последно, поврзано со таа несреќна изјава, како ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваме сите релевантни политички лидери да седнеме на една лидерска средба и да поразговараме за сите актуелни, а крупни политички прашања кои што треба да ја детерминираат иднината на македонските граѓани и на Македонија како држава. Тука пред се мислам на случувањата околу преговорите со нашиот источен сосед, тука мислам на пописот, тука мислам на катастрофата во економијата, дебаклот во образованието, не знам дали знаете софтверот кој што беше скапо платен не функционира, еве јас од прво лице можам да ви посведочам, за сето она кое што е погрешно од државата мислам дека е потребно не е една туку повеќе лидерски средби, и заеднички да излеземе со решение пред граѓаните. Затоа што на граѓаните им е преку глава од политиканство и политики. Граѓаните сакаат да видат став, стратегија и визија како ние ќе излеземе од ова. Не може ние да зборуваме дека блескаме, а суштината е сосема поинаква. Напротив, треба да седнеме и да покажеме сите зрелост. Нивото на телефонска комуникација е незрел потег. Се знае како се решаваат овие прашања.
Одговор: Јас во таа изјава сум многу прецизен, и ќе бидам прецизен во одговорот на Вашето прашање. Не треба граѓаните да се третираат со проценти, туку да се третираат онака како што тие постапуваат со државата т.е. граѓани кои што се лојални кон државата и граѓани кои не ги почитуваат законите и самата држава. Граѓани кои што ќе напредуваат според квалитетот, а не граѓани кои што ќе бидат процент. Граѓани кои што поседуваат квалитет, а не граѓани кои што ќе бидат потценети затоа што се дел од процентот. И затоа ја ги охрабрувам сите граѓани без разлика дали се Македонци, Албанци, Срби, Власи, Турци, Бошњаци, Роми, Египјани, да ми простат сите останати, да престанеме да се гледаме помеѓу себе со проценти, да престанеме да се враќаме назад кон минатото, да гледаме кон иднината. Да напредуваме според нашиот квалитет, според нашите компетенции и да понудиме решенија проблемите во државата. Тоа е она кое што јас го зборувам во моето интервју, и тоа е она кое што го кажувам од првиот ден откако се занимавам со политика. Кај мене дипломка беше студентка која што е Албанка, не за тоа што беше процент туку за тоа што имаше 10.0 просек на студиите на машинскиот факултет. Јас сум горд што сум бил нејзин ментор, но за жал сум тажен што таа веќе не е во државата предава на еден Универзитет во Швајцарија и и посакувам се најдобро. Затоа секогаш кога разговарате со мене никогаш нема да добиете одговор во проценти, туку ќе добиеме одговор дали јас и вие имаме аргументи, и дали мојот и вашиот квалитет нудат решение на проблемите во државата.
Новинарско прашање: Господине Мицкоски ќе ве вратам повторно на темата околу Бугарија поврзано со онаа ваша изјава во емисијата на Гоце Михајловски, во однос на вашите тврдења за нов договор со Бугарија дека бил ставен на маса, предизвика многу реакции. Експресно беше демантирано од Османи но и од Заев, имате ли некои поконкретни информации плус што би ги соопштиле?
Одговор: Јас тоа што го кажав, стојам позади тоа. Тоа што го зборувавме како политичка партија а е поврзано со меморандумот на нашиот источен сосед, а беше дел од последниот извештај а најпрвен беше негиран од страна на Владата се испостави дека е точно и на тогашниот министер за надворешни работи. Така стојам на овој став, стојам дека е разговарано за нов договор помеѓу нашиот источен сосед и Македонија, кој што ќе биде сличен на Преспансиот и ќе опфаќа уставни измени. И чудно зошто тоа никој од бугарска страна никој не го демантираше. Еве ве охрабрувам и вас како медиум да го поставите тоа прашање на политичарите на нашиот источен сосед, дали е ова вистина. Чудно е зошто никој од нивна страна не го демантираше сето тоа. А зошто дојдовме до таа состојба, е тоа е веќе друго прашање. Кои се политичарите кои не доведоа да ние денес стравуваме за нашата евро перспектива како држава. Тоа е веќе прашање кое што заслужува лидерска средба отворен разговор, и после тој разговор да излеземе или ќе понудиме решение или конечно ќе кажеме дека ние не можеме да се разбереме меѓу себе и тогаш ќе треба да бараме друг пат.
Новинарско прашање: Ваш став во однос на исходот од македонскo-бугарската комисија од вчера за пеглање на историските разлики. Како што беше соопштено од двајцата претседатели, и од македонска и бугарска страна. Се споменуваат некои шпекулации денес за заедничко чествување на историјата, вчера имаше и политички изјави во текот на комисијата, имаше и од претседателот на Бугарија, Радев спомена црвени линии дека нема преговарање со јазикот и идентитетот.
Одговор: Професорите кои што се дел од таа заедничка комисија која што треба да преговара разбрав дека нема договор по суштинските прашања. Ја слушнав идејата за заедничка историја, и јас често пати во минатото сум одговарал на таа тема што подразбираме под заедничка историја. Ако подразбираме под заедничка историја каде што два различни народа, два посебни народа имале во минатото заеднички моменти, а тоа се македонскиот народ борејќи се за своја независна македонска држава и бугарскиот народ борејќи се за својата бугарска држава, тогаш да можеме да се сложиме со тоа дека имаме во определен период заедничка историја, но откако Бугарија ќе признае посебност на македонскиот народ, кој што во тој историски временски интервал е посебен од бугарскиот народ и се борел за своја посебна независна македонска држава. Се останато е споделена историја или истпретплетени историски факти. Ние да сме имале заедничка историја со Републиките од поранешната држава и народите кои што биле мнозинство во тие Републики, но никој од тие не го негира засебноста на македонскиот народ и засебноста на македонската држава. Доколку некој се труди да стави знак на равенство помеѓу македонскиот народ и бугарскиот народ пред 45-тата година и непостоење на македонскиот народ во тој период тогаш ни под разно не можам да зборувам за споделување односно заедничка историја.