Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Селмо Цикотиќ е позитивен на коронавирусот, неговата здравствена состојба во моментов е стабилна и има поблаги симптоми на Ковид-19, јавија локалните медиуми.

Министерството за безбедност на БиХ ги презело сите мерки за превенција, вклучително и информирање на властите во институциите на БиХ, како мерки за самоизолација на лицата кои биле во директен контакт со министерот Цикотиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2020 16:09