На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2020 02:31