Демиркапиецот Никола Димитриев освои прво место на пионерското државно првенство во кајак на дива вода-слалом кое се одржа во Велес, информираа вечерва од кајакарскиот кану клуб „Просек“ од Демир Капија.

Прво и второ место освоија нашите членови Никола Димитриев и Давид Ристовски во поединечна конкуренција во категорија К-1. Екипно се пласиравме на второ место. Панче Илиевски, Никола Димитриев и Давид Ристовски со тимско возење освоија трето место, за МИА појасни Дарко Илиевски, тренер во клубот.

Тој рече дека е горд на тимот кајакари од Демир Капија кои вежбаат на реката Вардар и токму за таму го најави јуниорското првенство за следната недела. Повторно очекуваат медали. Потсети дека кајакарењето има долгогодишна традиција од околу половина век крај Демиркаписката клисура. с



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2020 23:42