Една обожавателка на американскиот глумец Двејн Џонсон прослави 101. роденден, и по тој повод, од својот миленик доби две шишиња текила како подарок.

Глумецот на почетокот на оваа година го лансираше својот текила-бренд, а Мери Гловер овој месец наполни 101 година и по пошта доби пакет изненадување од ѕвездата, заедно со пишана честитка за роденден.

Таа е апсолутно воодушевена од подарокот, а „Карпата“ на интернет сподели и слика од среќната старица како позира со шишињата славејќи го роденденот.

Притоа, тој ѝ посака уште многу здравје и со лесно да го испие пијалакот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2020 14:08