Сагата „Брзи и бесни“ ќе доживее уште три свои продолженија и конечно – приказната ќе заврши, соопштија продуцентите.

Деветтиот дел, под наслов „Ф-9“ е во постпродукција и е најавен за 28 мај 2021 година. Тој е во режија на Џастин Лин и во него ќе глумат Вин Дизел, Шарлиз Терон, Џон Сена и речиси цела актерска екипа од претходно.

Лин ќе ги режира и последните два филма.

Серијалот лани доживеа и тн. „спин-оф“ на приказната – „Хобс и Шо“, со Двејн Џонсон и Џејсон Стејтам во главните улоги. Тој филм заработи речиси 760 милиони долари, па не се исклучени и други слични „одграноци“ на приказната.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2020 15:04