Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порача дека Зоран Заев си игра со македонската историја. Тој вели дека еден бугарски политичар му кажал дека Бугарија го бара само она што Зоран Заев го ветил.

- Втората работа што сакам да ја порачам е онаа до соседи, до нашиот источен сосед Република Бугарија. Убеден сум дека и вам не ви се потребни асимилирани и понижени соседи, без оглед што државава ја има таа несреќа премиер после украдени талибански, мафијашки избори да биде Зоран Заев. Тој лесно го прифаќаа ова и ветува се. Но и вие знаете дека едно се ветувањата од него, а сосема друго реализацијата на тие ветувања што му е најслабата страна. Со мафијашка структура не може да се договорите и да мислите дека ќе одите напред, туку само ќе се продлабочуваат проблемите.

Си игра со нашата историја. Работата дојде до таму што од другава страна ќе праќале полк да ги руши спомениците на хероите во Скопје. И за тоа нема реакција. Народот ќе каже по улица онака разговорно, нашле село без кучиња.

Проблемот е во нашиве првенци на власт што молчат на таквите провокации, и не затоа што се мудри, туку затоа што знаат само да калкулираат. Ним парите им се важни.

Еден бугарски политичар ми вели ние го бараме само она што Заев ни го вети, не знам вели како може така на дневна основа да ги менува само мислењата. Му велам не знам што ти ветил, ама знам дека често ветува, а уште почесто не си ги одржува ветувањата. Тебе ти е му велам прво искуство со него, ама на народот во Македонија секој ден му е исто. И не пробувај да разговараш со Пендаровски, затоа што Стево мисли исто како што мисли и Заев, најпрвин ќе рече дека Гоце Делчев бил бугарин, па потоа пред предвремените парламентарни избори ќе рече дека не е така, денеска кој знае што може да каже, истакна Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2020 17:13