Нека остане запишано дека на 23-ти октовмри 2020 година јавно кажувам дека доколку Владата прифати било каква одлука за Гоце Делчев во која ќе биде дефинирано дека тој не е Македонец, ВМРО-ДПМНЕ истата ќе ја поништи и нема да ја почитува, порача Мицкоски во неговиот говор на денешниот протест на опозицијата.

- Доколку навистина биде прифатено од страна на оваа политичка мафија предводена од Зоран Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец бидејќи бил роден на географската територија Македонија, а по националност бил бугарин, нашиот мајчин македонски јазик е лингвистичка форма на бугарскиот тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава и дополнително понижување. И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле, рече Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2020 17:13