Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Анкара соопшти дека привремено ќе ја прекине работата на сите служби во Турција, поради веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски граѓани во Истанбул.

Амбасадата соопшти дека добила веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски и други странски државјани во Истанбул.

Исто така, Амбасадата наведува дека во извештаите се вели дека се можни напади врз генералниот конзулат на САД во Турција, како и други локации во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2020 22:42