На 22.10.2020 во 16,22 часот во Полициската станица Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив има починато лице.

Според пријавеното, во чајџилница во Гостивар, на И.Р.(78) од Гостивар кој бил гостин во објектот во еден момент му се слошило.

Потоа со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар Гостивар, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2020 02:17