Кајакарската федерација на Македонија заедно со демиркапискиот кајакарски кану клуб „Просек“, денес го организираат државното јуниорско првенство во кајак на дива вода-слалом, во водите на реката Вардар кај Демир Капија.
- Ќе се натпреваруваат 25 учесници до 17 години, од пет клуба, меѓу кои шест девојки. Ќе се весла и тимско возење 3xK1 мажи, за МИА појасни Дарко Илиевски, тренер во демиркапискиот клуб.
Тој нагласи дека очекуваат солиден пласман, потсетувајќи дека минатата недела, постигнаа одлични резултати на пионерското првенство во Велес, на кое нивни членови го освоија првото и второто место. Екипно, демиркапијци го освоија второто место, а беа трети во тимско возење.