Македонија тоне во Ковид панедмијата, а Филипче мува не го лази. Нема одговорност иако за една недела имаме над 2000 заболени, повеќе отколку што истиот прогнозираше дека ќе имаме за време на целата пандемија.

Филипче нема кредибилитет. Го помина цело лето без да направи подготовки, не е инвестирано во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар, ниту пак во опрема.

Се уште нема вакцини за сезонски грип. Илјадници возрасни лица и лица со хронични болести се соочуваат со ризик. И за тоа е виновен Филипче.

Не беа направени соодветни протоколи за училиштата. Затоа имаме заболени ученици и наставници. Не се заштитени ниту медицинските лица. Власта го фрли во хаос целиот систем.

Филипче нема стратегија. Со неговите погрешни политики кои беа протежирани и од Комисијата за заштита од заразни болести, како партиска испостава придонесоа во Македонија да нема прекин на пандемијата во летниот период, туку да имаме пандемија во континуитет од март досега. И секој ден е нов пик. За ова одговорност мора да има.

Филипче покажи доблест. Поднеси си оставка.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2020 11:56