Министерството за внатрешни работи вчера (23.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кочани и Виница.

Притоа, изречени се вкупно 156 санкции, меѓу кои 32 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 23 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2020 13:12