Шефот на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното уверува дека болидите на Шарл Леклер и Себастијан Фетел се апсолутно идентични.
Машините се апсолутно идентични. Не може да има сомнеж во тоа. Се надевам дека тој (Фетел) во Имола ќе може да се претстави подобро во квалификациите и да дојде до повисоки позиции со цел подобро да го реализира несомнениот потенцијал на болидот. Се разбира, Шарл е многу добар, но исто така и од Себастијан очекуваме повеќе, рече Биното. На денешната трка за Големата награда на Португалија, Леклер го зазеде 4. место, а Фетел беше 10-ти.