Претседателот на Организациониот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори го честита големиот јубилеј – 50 години од основањето на Светската карате федерација (WKF).

Каратето ќе го има олимпиското деби во Токио наредната година, а 2020 минува во знак на полувековниот јубилеј на „WKF“.

– Пламенот на каратето нема да згасне и ќе продолжи да гори ви нашите срца се до олимпијадата Токио 2020 следното лето. Се чувствувам привилегиран што ние ќе бидеме домаќини на првиот олимписки карате турнир во историјата, што ќе се одвива во храмот на спортот Нипон Будокан, каде што пред 50 години се одржа првото светско првенство во карате, е пораката на Јоширо Мори, поранешен премиер на Јапонија, кој е во улога на претседател на организациониот комитет на Олимписките игри во Токио.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2020 22:46