Светски познатиот серијал видеоигри под наслов „Assassin’s Creed“ (Кредото на убиецот) се преточува и во играна серија, во продукција на Нетфликс.

Тоа го потврдија Џејсон Алтман и Даниела Крајник од Јубисофт компанијата за видеоигри, кои ќе бидат извршни продуценти на ТВ-серијата. Проектот е сѐ уште во претпродукција.

Филмот под ист наслов од 2016 година, со буџет од 125 милиони долари и со Мајкл Фесбендер во главната улога, досега заработи 240 милиони долари на светско ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2020 13:37