Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер заврши со закрепнувањето од две операции на повреденото колено и се врати на тренинг на теренот, соопшти „Тennis World USA“.

Во текот на изминатите неколку месеци, Швајцарецот не беше во можност да тренира повеќе од два часа на ден. Тој работеше на издржливост и сила.

Федерер претходно изјави дека ќе биде подготвен да учествува на првиот Грен слем во годината – Австралија опен – 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2020 20:43