Возачите Кими Раиконен и Антонио Џовинаци ќе продолжат да настапуваат за Алфа Ромео во сезоната 2021 година, пренесува прес-службата на Формула 1 тимот.

Четириесет и едногодишниот Финец и 26-годишниот Италијанец ги обновија договорите за следната година.

Раиконен и Џовинаци се во Алфа Ромео од сезоната 2019 година.

Како дел од швајцарскиот тим, Раиконен го постави рекордот со најмногу трки во историјата на Формула 1 шампионатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2020 13:41