Пред 10 години, македонскиот репрезентативец Жарко Арсовски го постигна најголемиот успех за нашата држава во историјата на Светските првенства.

Арсовски во 2010 година во Белград каде се одржа 20. Светско првенство, се искачи на победничкиот подиум. Тој меѓу вкупно 875 каратисти и каратистки од 88 земји, од кои и 22 од Македонија, во извонредно силна конкуренција во највисоката тежинска категорија +84 килограми успеа да оствари пет убедливи победи и само еден пораз во полуфиналето и тоа на изјаснување, откако против египетскиот натпреварувач Моханад Магди резултатот беше 1:1.

Фантастичната форма Жарко ја потврди во борба за бронзениот медал, каде што во доминантен стил го совлада русинот Камид Тебуев со 4:0.

Со тоа Жарко Арсовски стана прв македонски каратист освојувач на трофеј на сениорско светско првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2020 21:34