Во текот на изминатата недела, откриени се девет случаи со позитивни тестови за инфекција со коронавирус во Формула 1, известува прес-службата на ФИА.

Од Светската автомобилистичка федерација додаваат дека вкупно беа извршени 4.281 тест од 23 до 29 октомври. Имињата на заразените не се објавени.

Големата награда на Сан Марино ќе се одржи утре, но трката ќе се вози на патеката во Имола, Италија.

Во Формула 1 на оваа патека тркачите ќе се натпреваруваат за прв пат од 2006 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2020 15:32