По делумно преброени гласачки ливчиња на претседателските избори во САД, тамошните медиуми прават проекциите за тоа кој кандидат добил колку електорски гласови, во зависност од тоа во колку сојузни држави победил.

Според Си Ен Ен кандидатот на демократите Џо Бајден засега има 73, а републиканецот Доналд Трамп има 48 електорски гласови.

Според АП Трамп има 92, а Бајден 119 електорски гласови.

Според Фокс, Трамп има 94, а Бајден 129 електорски глас.

Во клучната државата Флорида, која носи дури 29 електроски гласови се уште се во трка и двајцата кандидати, но водството на Трамп се зголеми на 51 наспроти 48,5 проценти по преброени 95 отсто од гласачките ливчиња..

Гласачите не гласаат директно за Трамп или Бајден, туку избираат електори (гласачи), демократи или републиканци, кои во декември формално бираат претседател (Изборен колеџ).

Во 48 од 50 држави важи правилото според кое кандидатот за кого во државата гласале мнозинство од гласачите, автоматски ги добива гласовите на сите електори во таа држава. Само во државите Мејн и Небраска, гласовите на електорите можат да се делат пропорционално меѓу кандидатите во зависност од добиените гласови. Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2020 03:28