На 01.11.2020 во ОВР Македонски Брод бил приведен М.Б.(37) од с.Крушје – Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик.
Претходно, од страна на ловочувар на ловечкото друштво ЗЛСРР „Елен“ од Кичево било пријавено дека на место викано „Челојца“, во близина на с.Ново Село, бил затекнат М.Б., кој со себе носел ловен карабин и патрони за кои не поседувал дозвола. Притоа, М.Б. не поседувал ни дозвола за лов.
Наведеното оружје е одземено и доставено до полициската станица. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против М.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.