Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани рекордни 3.573 нови случаи на коронавирус, а починаа 47 лица. Бројот на активни случаи достигна 19.079.

Хоспитализирани се 1.981 пациент, од кои 213 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се потврдени 100.410 случаи на коронавирус, од кои 1.304 починале, а 80.027 се опоравиле.

До денеска се тестирани вкупно 667.749 лица, од кои 9.877 во последните 24 часа.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2020 15:29