Активисти од еколошкото друштво „Еко-живот” од Кавадарци денеска оставија храна за дивите животни и птици во кавадаречко, близу Тиквешко Езеро.

– Традиционално, секоја година, во рамки на годишниот план за работа, нашето регионално друштво заедно со соработниците, врши прихрана на диви животни и птици, изјави за МИА претседателот Роберто Паризов.

Препорачливо е, нагласи тој, секој што престојува во природа, да остави нешто храна за животните да можат полесно да ги презимат ладните денови.

-Малку се ентузијастите љубители на природата. Затоа, секој што сака да стори добро дело за природата, доволно е да остави што поголема количина жито на повеќе локации, а ова се однесува најмногу на овие ладни денови, додека не зазелени природата. Истото го препорачуваме и до сите наши колеги од другите општини за да имаме побогат и поодржлив биодиверзирет, додаде Паризов.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2020 16:46