Рускиот тенисер Данил Медведев синоќа го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2-1, по сетови 3:6, 7:6 и 6:3 во полуфиналето на АТП-завршниот турнир во Лондон.

Средбата траеше 2 часа и 37 минути. Русинот направи 13 аса и три двојни грешки. Шпанецот имаше три аса, исто толку двојна грешка.

За Медведев ова е прва победа над Надал во неговата кариера.

Во финалето, вечер од 19 часот, Медведев ќе се сретне со Австриецот Доминик Тим.

Наградниот фонд на овој турнир со којшто ќе се заокружи тениската сезона, изнесува 5,7 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2020 12:00