Без вода за пиење од 9 до 15 часот денеска ќе бидат дел од градот Кавадарци и две села. Од Јавното комунално претпријатие „Комуналец” информираа дека прекинот во водоснабдувањето е поради градежни активности од страна на оперативна фирма, на нова водоводна линија на дел од улицата ,,Дисанска”.

– Без вода ќе останат жителите на дел од улицата ,,Дисанска”, улицата ,,Шишка”, Глишиќ и селото Марена, дел од улицата 7-ми Септември (од салата ,,Партизан” до јаворот) и сите фирми и улички кои гравираат на нив, појаснија од „Комуналец”.

Оттаму се надеваат на разбирање и трпение од страна на жителите кои ќе останат без вода за пиење.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 11:12