Водостојот на Дојранското Езеро е понизок за еден сантиметар во однос на вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, нивото на Дојранското Езеро е за 2,64 метри повисоко до просекот за ноември, додека кај останатите природни езера е пониско од просечното и тоа за 1,46 метри кај Преспанското и за 17 сантиметри кај Охридското Езеро.

Понизок водостој од повеќегодишниот просек за овој месец имаат и сите реки во земјава, а кај дел од нив се бележи дополнително намалување на нивото во споредба со вчера.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 12:48