Во текот на вчерашниот ден доцна навечер заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе повеќе кадрови одлуки во насока на реструктуирањето и катарзата која беше најавена од страна на Претседателот Христијан Мицкоски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на следниве Претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ:

· Претседател на ОК НОВО СЕЛО - Петар Марков · Претседател на ОК СТРУМИЦА - Жан Дрвошанов · Претседател на ОК МАВРОВО И РОСТУШЕ - Харис Ибраими · Претседател на ОК РАДОВИШ - Ванчо Ристов · Претседател на ОК ПРИЛЕП - Дејан Продановски · Претседател на ОК БОСИЛОВО - Мито Андонов · Претседател на ОК ПЕХЧЕВО - Александар Китански · Претседател на ОК БОГДАНЦИ - Марјан Пеев · Претседател на ОК КОЧАНИ - Митче Стојков · Претседател на ОК ПРОБИШТИП - Марјан Миленковски · Претседател на ОК ДОЈРАН - Ѓорѓи Граматиков · Претседател на ОК ДЕЛЧЕВО - Сашко Ивановски · Претседател на ОК БЕРОВО - Столе Каракутовски

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и тоа следните членови:

· Мане Јаковлевски · Слободан Анастасовски · Драган Димишков · Љупчо Трпевски · Ѓорѓи Илиевски · Мирослав Тасевски · Драган Василевски · Бранко Момировски · Ѓорѓи Малковски · Живко Ристески · Александар Бичиклиски · Илија Шаторот · Сашо Наковски · Златко Милошевски · Ламбе Арнаудов · Душко Ѓорѓиев · Милан Кузев · Сашо Дранго · Борис Јанев · Ванчо Каранфилов · Марија Кирова · Ристо Ѓоргиев · Дејан Цветковски · Митко Антовски · Симо Илиевски · Владо Ѓорески · Андон Чибишев

Воедно, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ разговараше и за актуелната политичка и економска ситуација, при што изрази сериозна загриженост за состојбата во здравството поврзана со Ковид-19 пандемијата, каде што секојдневно има траорни слики со починати од болниците на Венко Филипче, блокадата на Бугарија како резултат на лажните ветувања и пазарџиското однесување на Зоран Заев и распродавањето на државните интереси и државниот капитал, како и лошата состојба во економијата каде што секојдневно се бројат нови отпуштања.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 14:16