Германската Влада денеска се согласи за датумот на следните општи избори, 26 септември 2021 година, кога ќе биде избран наследникот на канцеларката Ангела Меркел, изјави портпаролката на Владата, Мартина Фиц.

– Владата му предлага на сојузниот претседател 26 септември 2021 година да биде датум за избор на 20-ти Бундестаг, изјави Фиц.

Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер треба да даде официјално одобрување.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 16:14