Само 13 проценти од луѓето во Косово имаат доверба во Владата, а само 16 отсто имаат доверба во парламентот, јави Бгнес повикувајќи се на „Егзит њуз“.

Владата е „корумпирана“ или „многу корумпирана“ за 72 проценти од населението во земјата, покажа годишно истражување на Косовскиот центар за истражување на безбедноста (КЦСС).

Десеттото издание на Косовскиот барометар за безбедност (КБС) ја мери перцепцијата на јавноста во 2020 година во однос на довербата во институциите и безбедносните прашања. Тој е поддржан од Националниот фонд за демократија, американска владина агенција.

Испитаниците во истражувањето имаат поголема доверба во институциите за безбедност отколку во државните и судските институции. Безбедносните сили на Косово се институцијата со најголема доверба – со 81 проценти поддршка, а најмалку им се верува на тајните служби, царините и затворите.

Безбедносните институции се сметаат за помалку корумпирани од судството и државните институции. Над 40 проценти од граѓаните сметаат дека судовите и обвинителството се корумпирани или многу корумпирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 16:32