Артан Груби да каже на која земја е министер !?

Дали Заев е толку немоќен што не може да го натера Груби да го почитува уставот на Република Македонија !?

Внимавајте, Груби е прв заменик премиер, функција која му ја измисли Заев и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците. Груби кој е вицепремиер на сите граѓани, а не само на една етничка заедница треба да биде еднакво достапен за сите.

Ако интернет страната е достапна само на албански јазик, како македонците ќе можат да се информираат за активностите на вицепремиерот Груби? А Груби е и министер за политички систем и односи со заедниците. Како припадниците на другите заедници ќе се информираат за неговите активности?

Есно општество за сите или како беше? Поголема поделба и аматеризам немало!

Заев чекаме одговори! До каде сме со едно општество за сите? До каде сме важно е да се разбереме?

#БаграБезКомпас.

Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 18:40