Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски на својот фејсбук профил вели дека Заев е „неверојатен“ коментирајќи го неговото интервју дадено за БГНЕС.

Идејата драг Зоране беше да се дојде до договор и разбирање со Бугарија преку компромис, а не на народот да му продаваш дека компромисот се состои во тоа дека Софија го признавала јазикот и идентитетот, а ти за возврат да ги признаеш, прифатиш и промовираш сите нивни негационистички, ревизионистички и лажни барања.

Ти си човеку неверојатен, за да продолжи твојата “искусна” политичка приказна, подготвен си да прејдеш преку секаква небулоза, несвесен дека државното пријателство и односи, не можат да се базираат на твојот интерес, интерпретација, на твоја замисла што е пријателски однос меѓу две држави и општества.

Дури и да Бугариве ти го купат поданичкиот наратив, секој паметен ќе знае дека го поставуваш на трули основи, и дека секако ќе остане ресентиман за кој тебе ти е гајле.

Јеботе, изгледа будалана Каракачанов бил у право, само едно згрешил, ти и на Бугарите и на Македонците им брцаш нож во грбот.

Идејата беше компромис, не капитулација., пишува Мицковски.

Во друг пост пак Мицковски додава дека после ваков кикс се поднесува оставка бидејќи од интервјуто се изведува заклучок дека имаме работа со политичар пазарџија.

- Таблите и спомениците кои сведочат за антифашистичката борба и жртвите на бугарскиот фашистички окупатор, не се спомениците на Груевски, па да ги ликвидираш со некаков договор, и ако нешто заслужува да биде прогласено за светско историско и културно наследство, тогаш тоа се овие споменици за кои Заев се фали дека ги елиминирал.

Кој ти го дал тоа право, како и правото да ја негираш и ревидираш, релативизираш нашата најголема историска борба, жртвите и спомените на нашите предци, отпорот кој ја создаде македонската држава во рамките на Југославија, по што го кодифициравме нашиот јазик и ги институционализиравме сите наши национални, културни и обичајни карактеристики. Се е погрешно во менталниот склоп на Заев, ова е доказ до каде на еден политикант му тежи историјата и националниот континуитет.

После ваков кикс се поднесува оставка, се пакуваш, си заминуваш, пошто не може политичар со памет на пазараџија, кој вака ја издава историски исправната позиција на својот народ и држава, да продолжи да ја води земјата.. додава Мицковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 19:46