Не стивнуваат негативните реакции по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС во кое тој вели дека Бугарија не била фашистичка земја туку само биле „администратори“.

Во низата на коментари на својот фејсбук профил излезе и внуката на Мирка Гинова, која е првата жена стрелана од политички причини и која се борела против фашизмот.

- Ве молам некој нека го прибери овој глупак! Овој е толку неписмен, шо не смее да му се дава право да кажи ништо поќе од добар ден и пријатно. Ако толку си го сакате како лидер в партија, чувајте си го, ама, како премиер на држава е штетен и мора да се заќути!!

Сме чуле многу примери за ревизија на историјата, ама најчесто тие се прават во сопствен интерес, овој подлизурко, од шо е глуп и од шо го заболе за нас и за нашата историја, тоа го прави на наша штета!

Се помоча на сите кои го загубиле животот од бугарските фашисти и на нивните семејства кои сега слушаат како овој глупак ја обезвреднува и брише анти-фашистичката историја!, пишува Билјана Гинова.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 19:46